Menu

Учество на Годишен состанок на EURAMET BoD-WGCB

29/10/2024 by

Согласно процедурите за работа на Работната група за зајакнување на капацитетите на Националните метролошки институти (EURAMET BoD-WGCB), во период од 14-18.10.2024 год.  Директорот на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини-Биро за метрологија, со двајца преставници од Секторот за развој на метрологија од Бирото за метрологија, учествуваа на годишниот состанок на оваа работна група, кој се одржа во Сараево, во Националниот метролошки институт на Босна и Херцеговина-IMBiH. На тридневниот состанок се разговараше за можностите за развој и зајакнување на капацитетите на малите метролошки институти, кои се сеуште во развој и поддршката, која треба да ја дадат развиените национални метролошки институти од ЕУ, членки на EURAMET преку обуки, шеми на ментрорство и грантови за мобилност. За време на состаноците, активно учествуваа преставниците од Франција, Германија, Литванија, Естонија, Молдавија, Обединетото Кралство, Португалија, Финска, Чешка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, а со онлајн поврзување се вклучија и многу претставници на метролошки институти од други европски земји. Беше преставен и начинот на функционирање на новиот CaBuCo проект (Capacity building coordinator), кој е ставен во функција од 01.10.2024 год. и секој метролошки институт ќе може електронски да аплицира за обуки, шеми на менторство и грантови за мобилност. На секои четири месеци ќе има по еден повик за пријавување. 

Во рамки на годишниот состанок, преставниците од Бирото за метрологија ги посетија лабораториите за калибрација и тестирање на IMBiH и имаа можност да дискутираат за потребите од опрема и трансфер на знаење помеѓу двата метролошки института.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com