Menu

Технички комитет во Шведска

03/10/2022 by

Технички комитет во Шведска

EURAMET TC-M

Во период од 06-08.09.2022 год. Нацоналниот Метролошки Институт на Шведска (RISE) беше домаќин на редовниот, годишен состанок на EURAMET TC-M (Технички комитет за маса и сродни големини) во Борас, Шведска. На состанокот, кој за првпат после пандемијата со Covid-19 се одржа во хибридна форма, присуствуваа преставници на Метролошки институти од повеќе Европски земји.

Во период од три дена беа презентирани активностите од тековните проекти, клучни интеркомпарации и билатерални соработки од областите на метрологија на маса, густина, притисок, сила, торзија, гравитација и гравиметриска зафатнина.

Метролошкиот Институт “RISE” организираше и посета на метролошките лаборатории, при која учесниците имаа можност да го видат научниот и индустриски развој на овој институт.

Бирото за метрологија (BoM) го преставуваа вработените од лабораториите за маса и притисок, како и  колегите, ангажирани во активностите на EMPIR проектите за RealMass (десеминација на единица маса) и Cefton (мерила за очен притисок).

Во рамките на годишниот состанок се одржаа и работни средби помеѓу учесниците во овие два научни проекти, со што се отворија и можности за соработка во блиска иднина.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com