Директорот на Бирото за метрологија, реализираше средба со почитуваната професорка др. Христина Спасевска, која е претседателка на Метролошкиот совет на Бирото за метрологија.
Метролошкиот совет е советодавно тело на Бирото за метрологија, кое му дава поддршка во делот на законодавството, научната и индустриската метрологија.
Директорот Селами и претседателката Спасевска се согласија на конструктивна, искрена и продуктивна соработка, која ќе помогне во натамошниот развој на Бирото за метрологија, како многу значајна институција за сите граѓани во нашата држава.