Menu

Состанок со преставници од Амбасадата на Р.Кина во Скопје, во просториите на Бирото за метрологија, тема: Електрични возила и борба против загадувањето

04/02/2025 by

На 04.02.2025, во канцелариите на Бирото за метрологија, беше на посета економскиот советник на Амбасадата на Народна Република на Кина, г-дин Хе Бингхуа.Тема на разговорот беше можноста за увоз на електрични возила.

Се разговараше за критериумите за увоз на електрични возила од Р.Кина. При тоа се објасни дека Р.С.Македонија како кандидат членка на Европската Унија е должна да ги применува прописите на Европската Унија. Се објасни дека постапката н Хомологација при која се бара сите возила да исполнуваат одредени технички барања е во насока на добивање на сигурен и квалитетен производ. Бирото за метрологија како спроведувач на Законот за возила појасни дека во областа одобрување на возила има три постулати врз чии темели се базира постапката на Хомологација, а тоа се: Заштита на човековата околина, безбедноста и заштитата од кражба. На преставниците на Кинеската амбасада им беа дадени насоките како и кои директиви важат при одобрување на возилата, а се потребни за увоз во Р.С.Македонија. Истотака се презентираше дека веќе десетина брендови се присутни на Македонскиот пазар кои ги поседуваат потребните Европски одобренија.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com