ПРОШИРЕН ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИИТЕ ЗА КАЛИБРАЦИЈА
Лабораториите за калибрација на Бирото за метрологија го зголемија опсегот на акредитација за уште три величини – релативна влага, акустични мерења и електрични големини. По успешно помината надзорна оцена со проширување на акредитацијата согласно МКС EN ISO/IEC 17025, извршен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија и технички експерти во горенаведените области од област од Дирекција за мерки и скапоцени метали –Национален Метролошки Институт на Република Србија.
Системот за управување со квалитет согласно МКС EN ISO/IEC 17025 е акредитиран од страна на ИАРМ од 2012 година и заклучно со последното проширување на опсегот на акредитација акредитирани се лабораториите за калибрација во следните области: маса, зафатнина и проток, температура и релативна влага, притисок, електрични величини и акустички мерења.