Потпишан Меморандум за разбирање со Центарот за метрологија на Кралството Шпанија
Денес, 13.11.2015 година во Мадрид, Кралство Шпанија директорот на Бирото за метрологија на Република Македоникја М-р Димитар Парнарџиев и Dr. Fernando Ferrer Margalef, директор на Центарот за метрологија на Кралството Шпанија потпишаа Меморандум за разбирање.
Главните области предвидени со Меморандумот за разбирање што денес беше потпишан се унапредувањето на соработката во размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти и проекти на меѓулабораториски споредби и трансфер на знаење преку организација на обуки на вработените и учество на семинари како и развој и воведување на нови методи и мерни техники во секојдневната работа.
Меморандумот претставува рамка, односно ја дефинира веќе иницираната соработка со Центарот за метрологија на Кралството Шпанија со цел Македонските метролози да имаат пристап до врвна обука како и стручни лица од Шпанија да можат да го пренесат своето знаење и искуство, со можност за научна надградба што ги нуди оваа врвна институција.