Мерења кои го поддржуваат глобалниот прехранбен систем
20-ти мај – Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската Конвенција за единство на мерењата во светот. Темата за Светскиот ден на метрологијата за 2023 година е “Мерења кои го поддржуваат глобалниот прехранбен систем”. Оваа тема е избрана поради зголемените предизвици од климатските промени и глобалната дистрибуција на храна во светот, чие население достигна 8 милијарди на крајот на 2022 година. Светскиот ден на метрологијата е годишно одбележување на потпишувањето на Конвенцијата за мерење на 20 мај 1875 година од претставници на седумнаесет нации. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка во науката за мерење и во нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации. Оригиналната цел на Конвенцијата за мерење – униформноста на мерењето низ целиот свет – останува исто толку важна и денес, како што беше во 1875 година.