МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ИНСТУТУТОТ ЗА МЕТРОЛОГИЈА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Бирото за метрологија, како Национална Метролошка Институција на Република Македонија, на 27 Август 2018 година, во Скопје, потпиша Меморандум за соработка со Инстутутот за метрологија на Босна и Херцеговина (ИМБиХ).
Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на Бирото за метрологија, г-ѓа Мерита Мустафаи и г-н Зијад Џемиќ, директор на ИМБиХ.
Двете институции се носители на метролошка инфраструктура на национално ниво и како такви претставуваат клучeн елемент во изградбата на инфраструктурата за квалитет, обезбедување на униформност во мерењата, како и креирање на политики и хармонизација на легислативата од област на метрологијата.
Потпишувањето на овој меморандум за соработка претставува рамка со која се дефинира веќе постоечката соработка помеѓу двете институции. Потпишаниот меморандум, воедно претставува добра основа и поттик за продлабочување на сооработка меѓу институциите, отвара можности и перспективи, пред се од аспект на размена на информации и искуства од област како во научната, така и во законската метрологија, преку организација на меѓусебни посети на експерти, организација и учество на семинари, работилници, во насока на јакнење на капацитетите на институциите.
Бирото за метрологија, досега има остварено соработка со Националноит Институт за метрологија на Република Турција (ТУБИТАК УМЕ), Генералниот Директорат за метрологија на Република Албанија (ДПМ) и Институтот за метрологија на Република Словенија (МИРС), Институтот за метрологија на Република Бугарија (БИМ) и Дирекцијата за мери и драгоцени метали на Република Србија (ДМДМ).
{gallery}stories/galerii/imbh{/gallery}