Меморандум за соработка помеѓу Бирото за метрологија, PCM и Чешкиот институт за метрологија во Брно, Чешка
Денес во Брно – Чешка директорката на Бирото за метрологија Мр- Мерита Мустафаи и директорот на Чешкиот Институт за метрологија Др-Јири Тесар потпишаа Меморандум за соработка со кој се прецизираат формите на соработка кои традуционално постоеле помеѓу двете институции. Меморандумот опфаќа техничка и консултативна помош, заедничко учество на истражувачки проекти, размена на искуства од експерти, итн..Континуираната поддршка од Чешкиот Институт е добредојдена особено во фаза на припрема на Бирото за скринингот во делот на доменот од метрологија.