Инвестираме во нашиот стручен кадар!
Во период од 13.03.2023 до 17.03.2023 двајца претстваници од Министерство за економија – Биро за метрологија, Анета Атанасоски и Андреа Силјановска, присуствуаа на обука во Метролошкиот институт во Кишињев, Молдавија.
Целта на обуката беше општо запознвање со начинот на работа на опремата за испитување на исправност на електрични броила, начинот на поствавување и поврзување на броилата како и запознавање со соодветниот софтвер за работа со опремата.