Menu

Извештај од работната посета во Мурсиа, Шпанија

09/04/2025 by

ИЗВЕШТАЈ
од работната посета во Мурсиа, Шпанија

Работна посета:  02.04.2025, 03.04.2025, 04.04.2025 (три работни дена)

Работна посета на акредитирана техничка служба Laboratorio Tecnico de Reformas-(LTR), со седиште во Мурсиа, Шпанија.

Акредитирани постапки за испитување на возила согласно Регулативите на Обединети нации: R9- дозволено ниво на бучава од трицикли, R26-надворешни испакнати делови на моторните возила, R28-уреди за звучно предупредување, R41- дозволено ниво на бучава кај моторцикли, R46-уреди за посредно гледање, R48-вградување на светла и светлосно сигнални уреди, R51-дозволено ниво на бучава кај возила од N и М категорија, R55-механички уреди за спојување, R58-уреди за заштита од подлетување, R61-надворешни удари кај комерцијалните возила, R79-системи за управување, R100-електрично напојување кај возилата, R111-Стабилност кај возилата во однос на превртување.

Целта на посетата беше да се видат капацитетите на оваа техничка служба, опремата како и просторните услови и стази кадешто се вршат испитувањата на горенаведените регулативи.

Регулативите се технички прописи кои треба да ги исполнуваат возилата пред да бидат пуштени на пазар. Со ова се гарантира квалитетот и безбедноста на возилото како производ. Регулативите ги носи Светскиот форум WP29, кој функционира во рамките на обединетите нации UNECE/WP29.

Република Северна Македонија е потписник на т.н.Договор 1958 (Agreement 1958), и на листата на Обединети нации, како Административно тело за одобрување е под реден број 40 ( Е40 ). Токму ова е и причината поради која бевме контактирани од горенаведената техничка служба. Истата е Акредитирана од страна на Националниот институт за акредитација на Шпанија.

Согласно правилата на Обединети нации, ние како Држава, Република Северна Македонија и Бирото за метрологија, како административен орган за одобрување можеме да издаваме „Соопштенија ( Communication )“. Постои посебна база на податоци кадешто овие издадени Соопштенија, административниор орган ги прикачува. На овој начин се известуваат сите земји членки на Обединети нации кои се наоѓаат на посебна листа, која ја ажурираат и менаџираат во Обединети нации. Обрасците се соодветно пропишани во секоја Регулатива. Во истите се наведува бројот Е40 (ова значи дека е издаден од соодветната држава и соодветниот државен орган). Бројот 40 е за Република Северна Македонија. Потоа во продолжение на овој број се наведува во соодветната регулатива, согласно која било спроведено соодветното тестирање. Овака формирано број на одобрение потоа се испраќа до производителот на соодветната компонента или дел која е наменета за вградување во соодветното возило, и со истиот овој број се означува (се втиснува/печати) на соодветната компонента или дел.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com