За бирото за метрологија
Бирото за метрологија на Република Северна Македонија – БМ е основано врз основа на Законот за метрологија („Службен весник на РМ “бр.55/2002).
Кратка историја:
• Мај 1992, формиран е Сектор за мери и скапоцени метали во Министерството за стопанство,
• Септември 1994, примени како полноправна земја членка во Меѓународната организација за законска метрологија – OIML,
• Април 1995, формиран е Завод за стандардизација и метрологија, со македонскиот Закон за мерните единици и мерила („Службен весник на РМ“ бр.23/95),
• Септември 2001, Заводот за стандардизација и метрологија се трансформира во Служба за стандардизација и метрологија, со измена на Законот за органите на управа,
• Јули 2002, формирано е Биро за метрологија, со новиот хармонизиран Закон за метрологија („Службен весник на РМ“ бр.55/2002).
Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за економија е институција надлежна за имплементирање на:
Секундарна цел (традиционална и важна) е обезбедување на имплементација, во најголема можна мера, на инспекциските активности (верификација на мерила, метролошки и експертски надзор) и сертификациските активности (оцена на сообразноста тип на мерила и (хомологација) на возила, сертификација на референтни материјали), што произлегуваат од неговата законска рамка.
Истотака важна цел е и градењето на започнатиот партнерски договорен однос со субјектите од метролошката инфраструктура, со кои се дефинираат, на недескриминаторски начин, меѓусебните права и обврски. Бирото за метрологија ја врши својата работа непристрасно за сите корисници:
Како административно државно тело, Бирото за метрологија ги почитува принципите на државните органи, дефинирани со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за државни службеници, а со воведувањето на систем за квалитет и во работата и неговата постепена трансформација од административно тело во научна институција. За таа цел ќе се применуваат принципите, дефинирани со соодветните национални, европски и меѓународни стандарди, односно:
експертиза, професионализам и висока стручност во работењето, некомерцијалност и достапност на научните сознанија во метрологијата, застапување на јавни интереси и транспарентност, доброволен карактер на партнерството и договарањето, обезбедување на независност во работењето и одлучувањето, непристрасност во водење на постапки за овластување, хармонизација и еквивалентност на процедурите за калибрација и оцена на сообразноста со европските и меѓународните стандарди и прописи.
Работен простор
Бирото располага со простор на бул. Јане Сандански 109 а, поделен во два дела:
административен, од 450 m2 на први кат, доволен за административните функции што ги врши и лабораториски, во две подрумски нивоа, од по 600 m2, доволен за изведување на калибрациони активности во лабораториите.
Опрема
Бирото за метрологија располага со софистицирана метролошка опрема за девет национални лаборатории, подржана со информатичка опрема, обезбедена преку ЕУ и ИПА проекти, која е одлична база за калибрација и тестирање на еталони и мерна опрема.
Вработени
Кадровската база на Бирото ја сочинуваат 32 административни службеници, од кои половината се инженерски стручен кадар.
Потреба за развој
Бирото за метрологија, за остварување на својата мисија, има потреба од одржлив планиран развој, затоа што со своето работење:
Програмски задачи на Бирото за метрологија како носител на метролошката инфраструктур
2. Управување со системот за квалитет
3. Управување на човечки ресурси
4. Управување на финансиски ресурси
5. AQUIUS и транспозиција на европското законодавство
6. Комуникација
7. Превенција
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com