Затворање на Твининг лајт проектот на Бирото за метрологија и Чешкиот метролошки институт
На 01.11.2017 година, со пригодна свеченост во ЕУ инфо центарот во Скопје беше одбележано завршувањето на Твининг лајт проектот „Зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија за интеграција на внатрешниот пазар“, финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата.
Преку овој проект, во кој како твининг партнер учествуваше Чешкиот метролошки институт, во изминативе осум месеци беа споделени чешките искуства во насока на подобрување на капацитетите на вработените во Бирото за метрологија, што подразбираше серија на обуки за зголемување на компетнетноста на вработените во метролошките лаборатории на Бирото за метрологија и тематски работилници за доближување на Бирото кон македонските деловни субјекти, како и за пренесување на европските искуства во примена на резултатите од областа на метрологијата.
Истовремено ова овозможи поддршка и во рекалибрација на еталонската метролошка опрема.
Овој твининг проект, реализиран благодарение на средствата од европските фондови, беше примарно насочен кон зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија, но тој оствари клучна улога и во процесот на усвојување и хармонизација на националното техничко законодавство, со она на Европската унија, како и негова примена.