Втора работилница на Бирото за метрологија
На 24.08.2017 година, Бирото за метрологија, заедно со својот твининг партнер – Чешкиот Метролошки Институт (CMI), ја одржа втората, еднодневна работилница за своите корисници, во рамките на Твининг лајт проектот “Зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија за интеграција на внатрешниот пазар’, MK 12 IPA EC 01 16 TWL, финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата.
Целта на работилницата беше да се запознаат корисниците на услугите на Бирото за метрологија со новите барања на Европските директиви за Неавтоматски ваги “NAWI 2014/31/EU” и за Мерни инструменти “MID 2014/32/EU”, посебно во делот на Водомерите и Мерилата за топлина.
На работилницата присуствуваа голем број на учесници, кои со своите прашања, упатени кон колегите од Чешкиот Метролошки Институт, како и отворените дискусии за времетраењето на работилницата, придонесоа за нејзина успешна реализација.
Во прилог може да се погледнат презентациите од работилницата:
Биро за метрологија
NAWI_Technical_requirements.pdf
Legal Metrology
NAWI verification in use
MID requrements
MID