Во Сараево – во Институтот за метрологија на Босна и Херцеговина, директорот на Бирото за метрологија на РСМ Авдуљ Селам Селами со директорката г-ѓа Милица Ристовиќ Крстиќ, денес го потпишаа Меморандумот за соработка на двете институции за наредниот петгодишен период. Специфичните области на соработка вклучуваат, но не се ограничени на области од заеднички интерес, како што се:
– Спроведување на заедничка истражувачка работа и заедничко учество во Европските програми за истражување и развој,
– Идентификување на специфични теми за соработка во метрологијата (маса, волумен, проток, густина, должина и агол, притисок, AC/DC ниска фреквенција, температура, релативна влажност, време и фреквенција, акустика, квалитет на нафта и нафтени деривати, референтни материјали),
– Размена на информации и искуства во врска со усогласувањето и имплементацијата на техничките прописи поврзани со Европското acquis и националното законодавство на двете земји,
– Вршење на билатерални споредбени мерења со референтни еталони,
– Калибрација на референтни еталони и опрема,
– Одржување на работилници и курсеви за обука помеѓу лабораториите,
– Размена на информации и техничка помош за тестирање на квалитетот на горивата,
– Размена на информации и техничка помош за верификација на мерни инструменти,
– Меѓуколегијално оценување (peer visits) на Системите за управување со квалитет,
Соработка ќе може да се реализира и во други области од взаемен интерес.
Активностите за соработка ќе бидат воспоставени по претходно договорена програма. Директорот Селами и се заблагодари на директорката Крстиќ за топлиот пречек и нејзиниот придонес и Институтот за метрологија на БиХ, со цел соработката со Бирото за метрологија на РМВ од денес да стане реалност.