Скопје, односно Бирото за метрологија на РСМ, овие три дена е домаќин на годишниот состанок на Бордот на директори од Работната група на ЕУРАМЕТ за градење капацитети на метролошките институти од европските земји. Во поздравниот говор, директорот Селами како домаќин на овој значаен настан, истакна меѓу другото, дека Бирото за метрологија мора да продолжи да ја следи заедничката практика на ЕУ, дефинирана во правилата и процедурите на ЕУРАМЕТ. Ова е тесно поврзано со споредувањето на националните еталони за мерење и препознавање на методите за калибрација и тестирање, што се постигнува со активно учество во проектите на ЕМПИР и ЕУРАМЕТ за меѓулабораториски споредби и презентација на системот за управување со квалитет пред Техничкиот комитет за квалитет.