За бирото
      English   English

Регистрирај се

(optional)
Бирото за метрологија на Република Македонија – БМ е основано врз основа на Законот за метрологија („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2002)

bom

 

Кратка историја:
  • Мај 1992, формиран е Сектор за мери и скапоцени метали во Министерството за стопанство.
  • Септември 1994 бевме примени како полноправна земја членка во Меѓународната организација за законска метрологија – OIML.
  • Април 1995, формиран е Завод за стандардизација и метрологија со македонскиот Закон за мерните единици и мерила („Службен весник на РМ“ бр.23/95)
  • Септември 2001, Заводот за стандардизација и метрологија се трансформира во Служба за стандардизација и метрологија со измената на Законот за органите на управа
  • Јули 2002, формирано е Биро за метрологија со новиот хармонизиран Закон за метрологија („Службен весник на РМ“ бр.55/2002)

    Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за економија, е надлежна институција за имплементирање на:

    • Законот за метрологијата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 55/2002)
    • Закон за контрола на предмети од скапоцени метали (“Службен весник на Република Македонија бр. 23/95)
    • Номинирано административно тело во Република Македонија на Меѓународниот договор на UN/ Economic Commission for Europe (од 1958 година ревидиран 1995 год.) за прифаќање на униформните технички прописи за возилата на тркала, опремата и деловите што може да се вградат и/или да се употребат на возилата на тркала и условите за реципрочно признавање на одобренијата издадени врз основа на тие прописи.
    Бирото за метрологија е наследник на поранешната Служба за стандардизација и метрологија, со својство на правно лице.Со Законот за метрологијата што е хармонизиран со европската пракса, дефинирани се повеќе правилници – технички регулативи, со што се операционализира и уредува метролошката инфраструктура. Министерот за економија, на предлог на Бирото за метрологија, во април 2004 год. формира Метролошки совет, составен од научни и стручни членови од областа на метрологијата, кој работи како стручно и советодавно тело на Бирото за метрологија и работи како технички комитет за изготвување на техничката регулатива.

    Мисијата на Бирото за метрологија е да обезбеди одржување и развој на метролошкиот систем на Република Македонија. Под одржување на метролошкиот систем се подразбира остварување и обезбедување на следливоста на мерните единици од SI системот и нивна десеминација до сите корисници во нашата земја, а пред ce во областите дефинирани со Законот и тоа за:
    • заштита на животната средина и природата
    • општа техничка безбедност
    • непречена размена на стоки и услуги
    • постапки пред управни и правосудни органи
    Со остварување на мисијата ќе се постигне одржлив развој на македонското стопанство и индустрија во глобализациски светски трендови. Бирото за метрологија е специјализирана и компетентна независна институција, со применета наука, што го води кон меѓународно признавање на домашната метролошка инфраструктура, како значаен регулатор на техничките бариери во трговијата, односно  слободното движење на  стоки и услуги. Националната метролошка институција, преку постојани активности во меѓународната соработка, исполнувањето на меѓународните и билатералните договори, обезбедува препознатливост на македонската метролошка инфраструктура на меѓународно ниво со активно членство во европски и меѓународни метролошки организации и институции.

    Примарна цел на Бирото за метрологија е остварување на национални еталони на што поголем број мерни SI единици, а со тоа и обезбедување на следливост во земјата и во светот, што всушност претставува и континуирана задача на Бирото за нивно чување и одржување. Покрај десеминацијата на физичките вредности на што поголем број законски мерни SI единици, подеднакво важна е и десеминацијата на што повеќе знаењата од метрологијата.Со процесот на глобализација и меѓународното поврзување, сî поважно станува да се обезбеди меѓусебна доверба на националните метролошки институти и прифаќање на сертификатите што истите ги издаваат  (за калибрација, тестирање и оцена на сообразноста на типот на мерилата). Тоа се постигнува пред се со воведување на соодветни системи за квалитет во работа како што е ISO 17025 за калибрационите лаборатории, користење на механизамот на "peer assessment"  и активно учество во работата на техничките тела на CGPM и EUROMET, како и оцена на системот за квалитет пред потпишување на соодветни договори и аранжмани.Имплементацијата на ISO 17025, покрај остварувањето на националните еталони, е важен чекор и во меѓународното признавање на нашите национални еталони, сертификатите за калибрација и резултатите добиени од мерењата, а со тоа и признавање на домашната инфраструктура, базирана на дисперзираниот модел.

    Секундарна цел (традиционална и важна) е обезбедување на имплементација, во најголема можна мера, на инспекциските активности (верификација на мерила, метролошки и експертски надзор) и сертификациските активности (оцена на сообразноста тип на мерила и (хомологација) на возила, сертификација на референтни матријали), што произлегуваат од неговата законска рамка.

    Истотака важна цел е и градењето на започнатиот партнерски договорен однос со субјектите од метролошката инфраструктура, со кои се дефинираат, на недескриминаторски начин, меѓусебните права и обврски. Бирото за метрологија ја врши својата работа непристрасно за сите корисници:
    • непосредни, како што се лабораториите за калибрација и тестирање, инспекциските тела за верификација на мерилата, граѓаните - корисници на мерила од масовен карактер (водомери, мерила на електрична и топлотна енергија и други), односно секаде каде што се јавува конфликт на интереси, при употреба на мерила;
    • посредни корисници, како што се научните институции, потрошувачите, индустријата и државните органи.
    Бирото се залага ефикасно да ја обезбеди бараната услуга на корисниците, во најкус можен рок, по разумна цена, што ќе е конкурентна на меѓународниот пазар, а пред сî во регионот и ЕУ.Со транспарентно работење и имплементирање на техничка регулатива, што се потпира на законодавството на ЕУ, се обезбедува компетентност и доверба кај домашните корисници и странските инвеститори, кон што придонесува и едноставна процедура за прифаќањето на сертификатите за оцена на сообразноста од ЕУ.

    Како административно државно тело, Бирото ги почитува принципите на државните органи, дефинирани со Законот за организација и работа на  органите на државната управа и Законот за државни службеници, а со воведувањето на систем за квалитет и во работата и неговата постепена трансформација од административно тело во научна институција. За таа цел ќе се применуваат принципите, дефинирани со соодветните национални, европски и меѓународни стандарди, односно:
    • експертиза, професионализам и висока стручност во работењетоне
    • комерцијлност и достапност на научнте сознанија во метрологијата
    • застапување на јавни интереси и транспарентност
    • доброволен карактер на партнерството и договарањето
    • обезбедување на независност во работењето и одлучувањето
    • непристрасност во водење на постапки за овластување
    • хармонизација и еквивалентност на процедурите за калибрација и оцена на сообразноста со европските и меѓународните
    • обезбедување на недискриминација
    • работење и донесување на одлуки, што не се базирани на комерцијални или политички интерес.
    Работен простор Бирото располага со нов простор  на  Бул. Јане Сандански 109 а поделен во два дела:
    • административен, добро уреден, од 450 m2 на први кат, доволен за административните функции што ги врши и
    • лабораториски, во две подрумски нивоа, од по 600 m2,  што сеуште е во фаза на опремување, доволен  за натамошниот развој и опремување.
    Опрема Бирото за метрологија располага со соодветна метролошка опрема за девет национални лаборатории, подржана со информатичка опрема, обезбедена преку ЕУ проектот за помош CARDS/SMAQVа, која е одлична база за отпочнување на примарните функции – калибрација на еталони на Бирото за метрологија.

    Вработени Кадровската база на Бирото ја сочинуваат 27 државни службеници, од кои 14 се инженерски стручен кадар.

    Потреба за развој Бирото за остварување на својата мисија има потреба од одржлив планиран развој, затоа што со своето работење:
    • Придонесува кон развојот на техничката инфраструктура;
    • Непосредно придонесува кон подобрување на квалитетот на производите и услугите како фидбек од процесите на контрола;
    • Ја подобрува и обезбедува равноправноста во конкуренцијата, со својата подршка на инфраструктурата за квалитет, а како контролен механизам учествува во попречувањето на зафаќање доминантни позиции на пазарот;
    • Помага во глобализацијата на стопанството, затоа што потенцијалот односно развиеноста на метролошката инфраструктура влијае, со геометриска прогресија, во економските структури на општеството.
    Програмски задачи на Бирото за метрологија – носител на метролошката инфраструктура
     
    1. Стратешки
    • Доставување и имплементирање на политиката за развој на националната метролошка инфраструктура
    • Обезбедување на услови во лабораториите на БМ за остварување и признавање за национални, на што поголем број на еталони.
    • Остварување на придружно членство на CGPM на Метарската конвенција (Генералната конференција за тегови и мери) и подготовка за придружно членство во Европска организација за законска метрологија- WELMEK 
    • Остварување на членство во EUROMET- Европска организација за метрологија и оформување на CMC (калибрациони и мерни можности) табели, на што поголем број еталони од нашите национални лаборатории.
    • Интензивна соработка со Светската банка, за реализирање на програмата BERIS, за финансирање на натамошниот развој на БМ по завршување на ЕУ програмот за помош CARDS.
    • Воспоставување на партнерски однос со субјектите на метролошката инфраструктура, преку договори со БМ, спроведувајќи ја доследно Одлуката на Владата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 51/2004) 
    • Промовирање и примена на дисперзираниот модел на метролошката инфраструктура, особено за оние големини на мерните единици, за кои постои интерес и капацитет кај останатите субјекти од метролошката инрфаструктура, особено за референтните материјали, метрологијата во радиоактивните зрачења, метрологијата во клиничката биохемија и друго.
    • Севкупна подршка на научните институции во остварувањето и достигнувањето на нивото на национални еталони, за кои БМ нема можности, како резултат на примената на дисперзивниот модел на развој на метролошката инфраструктура.
    • Активно учество и лидерство во работата на Советот за оцена на сообразноста, како координативно државно тело во областа на инфраструктурата за квалитет, заедно со другите столбови на инфтаструктурата за квалитет на ИАРМ и ИСРМ.

    2. Управување со системот за квалитет
    • Воведување, документирање и одржување на системот за квалитет, по MKS ISO 17025 во Лабораторискиот центар  на БМ и MKS ISO 9001 за целото Биро за метрологија, односно MKS ISO 17020 за верификационите активности
    • Обука за избор на и избор на соодветен кадар за управување со системот за клалитет.
    • Учество во работата на техничкиот комитет за квалитет на EUROMET- Европска организација за метрологија и добра подготовка од консултанти за успешно презентирање на воведениот и документиран  систем на ISO 17025 во лабораторискиот центар   

    3. Управување на човечки  ресурси
    • Обезбедување на високостручен и обучен инженерски, технички персонал за лабораторискиот центар, според систематизацијата на работи и задачи на БМ, нејзино соодветно ажурирање и пополнување со обучен и квалитетен персонал
    • Спроведување на програм за натамошна  обука – практична во БМ и специјализирана кај производителите на мерната опрема, што е  инсталирана во лабораторискиот центар  

    4. Управување на финансиски ресурси
    • Оформување на Бирото за метрологија како правен субјект, според Законот за метрологија и потребата од примена на европската пракса за презентирање на Бирото за метрологија како независна, во однос на компетентноста и специјализирана институција за метрологија, пред домашната и надворешната метролошка инфраструктура
    • Обезбедување на соодветна структура и ИТ подршка за управување со финансиските ресурси
    • Воведување на реално и наменско планирање на финснсиските ресурси без какви и да било влијанија од политичките институции за да се добијат реални параметри поребни за натамошни развојни проекти

    5. AQUIUS и транспозиција на европско законодавство
    • Обезбедување на материјални услови за подготовка на предлог текстови за работните тела на Метролошкиот совет за донесување на основната техничка регулатива, за операционализација на Законот за метрологија 
    • Обезбедување на материјални услови за подготовка на предлог текстови за работните тела на Метролошкиот совет и за донесување на основната техничка регулатива за операционализација на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали 
    • Транспозиција на MID директивата за мерни инструменти 2004/22/EC во нацрт технички пропис

    6. Комуникација
    • Внатрешен и надворешен  проток на информации,  дефиниран, пред се со воведените системи за квалитет и лансирање на внатрешни и надворешни интернет  страници
    • Интерактивно информирање и зајакнување на јавната свест за метрологијата мултимедија, лансирање на интернет страница и друго
    • Обезбедување на услови за непречено функционирање на протокот на информации (одржување, софтверска подршка и  усовршување на ИТ системот во БМ)

    7. Превенција
    • Вклучување на потенцијалот на високошколските институции, поврзани со метрологијата, за наменска едукација, обука и специјализација на кадрите на националните лаборатории во БМ и персоналот на метролошките лаборатории од инфраструктурата.
    • Воспоставување на тесна соработка со техничките научни и високошколски  институции (факултети од електротехника, електроника, машинство, природни науки и други) на универзитетите во земјава, со потпишување на меморандуми за соработка за заеднички научни и едукативни проекти за дипломски, постдипломски и докторски теми, во метролошките лаборатории на БМ и метролошките лаборатории на научните институции
    • Организирање на минимум 3 работилници годишно, финансирани од Министертството за економија, за субјектите на метролошката инфраструктура, за трансфер на информации и подигање на нивото на знаења, пред сî на персоналот што работи во метролошките лаборатории
    • Пронаоѓање на форми и можности за соодветна помош или субвенции од средствата што ги прибира БМ, низ систем на посебна оценка како економски оператор, за воведување на соодветни системи за квалитет кај метролошките лаборатории - партнери на БМ и другите тела за тестирање/сертифицирање/инспекција на производи, како неопходен чекор за докажување на нивната компетентност, преку акредитација
    • Примена на разни форми на дијалог за добра координација меѓу сите корисници на метролошката инфраструктура