Услуги
      English   English

Регистрирај се

(optional)

Основни активности на Бирото за Метрологија
- Формирање, чување и одржување и постојано усовршување на националниот систем на еталони на мерните единици и сертифицирани референтни материјали за потребите на земјата

- Обезбедување на следливост на националните / референтните еталони кон меѓународното ниво и обезбедување на учество во соодветните меѓународни активности и договори

- Обезбедување на потребни информации и поддршка на државата, индустријата, трговијата и граѓаните за работи од областа на метрологијата

- Да обезбеди солидна метролошка база на националната шема за акредитација во законската метрологија

- Експертски надзор неопходен за управни мерки во областа на законската метрологија

- Трансфер на знаење од законската метрологија

Основни активности во законската метрологија.

1. Верификација на мерни инструменти
2. Оцена на сообразноста на типот на мерило
3. Метролошка контрола на нето содржина на пакувани производи
4. Водење на процедура за овластување на правни лица
5. Водење на Регистар на Сертификати на типови мерила
6. Иницијатива за донесување регулатива
7. Членство во меѓународни организации

Основни активности во научната (индустриска) метрологија.

1. Изготвување на прирачници за калибрација и мерни методи за разни области на метрологијата
2. Учество во процедура за акредитација на метролошки лаборатории
3. Калибрација на мерни инструменти од повисок ред
4. Учество и организирање на национални интеркомпарации на калибрационите лаборатории
5. Меѓународна соработка за остварување на следливоста преку ЕУРАМЕТ и билатерални интеркомпарации на националните еталони
6. Размена на информации