Проекти
   English

 

 English

     
08 Logo MPEkonomija Biro za metrologija H C MK

Регистрирај се

(optional)

CARDS/SMAQVa проектот
Целта на SMAQVa (Strengtening the Standardization, Metrology, Accreditation and Quality Validation program) проектот се состои во техничка помош за изготвување на сите документи за изградба на Бирото за метрологија согласно објавените Европски закони и да се организира согласно Европските стандарди и барања на полето на метрологијата. Резултатите се состојат во изградба на компетентно тело во областа на метрологијата, обезбедување на капацитет во насока на организирање и управување со законските и индустриските услуги како и обезбедување на капацитет за верификување и калибрирање на целата мерна опрема и опрема за испитување. Набавката на еталони и додатна опрема за опремување на 8 калибрациони лаборатории: за маса, за густина, за притисок, за агол и должина, за температура, за волумен и проток, за електрични големини и за време и фреквенција од Лабораторискиот центар во склоп на Бирото за метрологија е релизирана со програмата CARDS/SMAQVa1. Со програмата CARDS/SMAQVa2 е спроведена обука на стручен кадар за работа во лабораториите.


CARDS Reional 2002 проект
Проект за квалитет на регионалната инфраструктура за југоисточните европски земји: Албанија-Босна и Херцеговина-Хрватска-Македонија-Србија и Црна гора преку регионални тела за акредитација, стандардизација и метрологија и воведување во основните полиња на инфраструктурата за квалитет (метрологија, акредитација, стандардизација, тестирање-сертифицирање-инспекција и надзор на пазарот)


CARDS Reional 2006 проект
Проект кој е продолжување на CARDS Reional 2002 проект во областа на инфраструктурата за квалитет и е во тек. Метролошкиот дел е планиран преку спроведување на PT(Proficiency Testing) и тренинг во следните области: животна средина, заштита на потрошувачите и градежништво. Каде Бирото за метрологија е вкучено во делот за животна средина со PT за температура и маса и во делот за заштита на потрошувачите со PT за енергија.


BERIS(Business Environment Reform Institutional Strengthening) проект на Светска банка
Отпочнат е во 2007 BERIS проектот на Светска банка кој е продолжение на SMAQVa проектот и неговата цел е доопремување на лабораториите од Лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и нивно зајакнување во Научна метрологија, по претходно исполнување на условите за : потребен број на вработени, заземјување на лабораториите, набавка на лабораториска опрема и обезбедување на помошен простор за лабораториите. Реализирана е набавка на IT опрема и опрема за контрола на предмети од скапоцени метали (XRF спектрометар). Отпочната е фазата за обезбедување на техничка експертиза проектирана во MSTQ (Metrology, Standardization, Testing and Quality) компонентата на BERIS која се однесува на метрологија.


IPA 2008
Целта на овој проект се обезбедува техничка помош на Бирото за метрологија во реализација на примарните задачи во согласност со Законот за метрологија (“Службен весник на Република Македонија„ бр.55/2002) и целосно исполнување на договорот за стабилизација и асоцијација. Со техничката помош се обезбедува зајакнување на капацитетите на лабораториите од Лабораторискиот центар за нивна целосна оперативност, за стекнување статус на полноправна членка на EURAMET. Со препознавањето на метролошката стриктура предводена од Бирото за метрологија, со што ќе се олеснува слободното движење на стоки.

Проект за регионална помош на SEE NMi од Балканот
Целта на проект има регионален карактер и негов приоритет е помош на метролошките институти од земјите од југоисточна европа во поглед на нивното полноправно членство во EURAMET. Договорено решение е секоја метролошка институција од овие земји преку свои членови во EURAMET да учествуваат во фокус група која е во состав на TC IntMet (Технички Комитет за Интрадисциплинарна Метрологија). Преку состаноците на оваа грипа кои се на годишно ниво се разгледуваат тековните прашања и дефинирање на проекти.

GTZ - „Deutsche Gesellschaft für Technische Zusammenarbeit”
Целта на овој проект е интеграција на техничките Европски Директиви во полето на „Слободно движење на стоки и енергија“. Овој проект се однесува, генерално на подршка на Министерството за економија и инситуциите вклучени во Инфраструктурата за квалитет, во воспоставување и имплементирање на среднорочна стратегија за подобрување на инфраструктурата за квалитет во сите нејзини компоненти: стандардизација, акредитација, метрологија и надзор над пазарот. Бирото за метрологија, како дел од инфраструктурата за квалитет и една од институциите – кориснички на овој проект преку оваа помош ќе добие подршка во понатамошните активности по имплементацијата на Системот за квалитет и помош во реализацијата на одредени настани и тренинзи кои се од битно значење за подобрување на капацитетите на Бирото за метрологија.

Проектот „Техничка поддршка за градење на капацитетот на Бирото за метрологија“ има потреба од ангажирање локални експерти со горенаведените квалификации. Краен рок за пријавување е 20 септември 2011 година, до 17.00 часот

ToR 1 1 Junior STE-Revised

ToR 1.2 Junior STE-Revised

ToR 2.7 Junior STE v3