Обраќање на директорот
      English   English

Регистрирај се

(optional)

nova naslovnaПочитувани,
Добредојдовте на интернет страницата на Бирото за метрологија.
 

Овде ќе најдете информации за нашата организациона поставеност, начинот на работа, капацитети, проекти и активности, како и закони, подзаконски акти, формулари и обрасци поврзани со работата на Бирото за метрологија.

Метролошкиот систем и Бирото за метрологија како национална метролошка институција се клучна основа за инфраструктурата на државата и една од најзначајните потпори на научниот и технички прогрес.

Поаѓајќи од основните функции на Бирото за метрологија за директно или индиректно обезбедување на заштитата на животната средина и природата, општата техничка безбедност, непречената размена на стоки и услуги, заштитата на потрошувачите, ќе се трудиме да Ве информираме за сите активности, задачи и можности на Бирото за метрологија, преку редовно ажурирање на нашата интернет страница.

Се надевам дека содржините на страницата ќе ви понудат корисни информации.

Со почит,

Директор
М-р Димитар Парнарџиев