Лабораторија за зафатнина и проток
      English   English

Регистрирај се

(optional)

microtrackВо рамките на помошта од ЕУ програма за помош CARDS/SMAQVa во Бирото за метрологија беше доставена опрема за калибрација на волумен и проток.

Со оваа опрема сме во состојба да вршиме:

  • калибрација на зафатнина во опсег од 2 L до 2000 L;
  • калибрација на проток на течности во опсег од   1.5 до 1500 L/min;
  • калибрација на проток на гас од 0.5 L/min, 22 L/min, 1000 L/min.

 

Калибрација на зафатнина вршиме со волументриски метод, користејќи еталони изработени од нерѓосувачки челик од Германската компанија EST. Истите имаат калибрационен сертификат, издаден од акредитирана лабораторија чии еталони се следливи до Интернационалните еталони.

Опсег Максимално дозволена грешка
2,5,10,50,100 L 0.1%
2,5,10,50,100,500,2000 L  0.03%
 
50 L  0.01%

За калибрација на проток на течности располагаме со машина-еталон ОТ1500 произведена од Германската лабораторија Trigas GmbH и истата може да се користи за калибрација на проток во опсег од 1.5 до 1500 L/min.


fts3За калибрација на проток на гас располагаме со FTS (портабл гасен калибратор) и термално масени еталони за проток на гас калибрирани во Холандија и следливи до NMi.  

Развојната програма на ова лабараторија е насочена кон реализација на Национален еталон за зафатнина од 50L и акредитација на Лабараторијата за проток. 

  

docТехнички можности во лабораторија

 Одговорни за лабораторија:

Анастазија Шаревска

Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

2403676 lokal 033

Јован Атанасовски

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 078

Југослав Стојчевски

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 078