Лабораторија за референтни материјали
      English   English

Регистрирај се

(optional)
Лабораторијата за референтни материјали и скапоцени метали е дел од Бирото за Метрологија, орган во состав на Министерството за  Економија.

Главна задача на оваа лабораторија е да ги чува, одржува и развива стандардите за калибрација преку споредување со другите национални лаборатории. Лабораторијата располага со опрема и прибор за  испитување и хемиска анализа  на референтни материјали и испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали. За скапоцени метали се сметаат: злато, сребро и платина.
Лабораторијата за референтни материјали и скапоцени метали може да ги калибрира следниве референтни стандарди:
  • Ареометри за испитување на густина со опсег од 0,600 g/cm³ до 1,960 g/cm³ и точност од 0,00005 g/cm³
  • Алкохолометри со опсег од  0,5% до 100% и точност од 0,1%
  • Уринометри со опсег од 1,00 g/cm³  до 1,06 g/cm³ и точност од 0,00005 g/cm³
  • Лактодензиметар со опсег од 1,014 g/cm³ до 1,040 g/cm³ и точност од 0,00005 g/cm³
  • Широмер со опсег од 1,00 g/cm³ до 1,13 g/cm³ и точност од 0,00005 g/cm³


За испитување на составот и финоста на предметите од скапоцени метали лабораторијата располага опрема за квантитативна хемиска анализа и со опрема и прибор за методот - проба на камен. Тука спаѓаат:

  • Дигестор со капацитет до 1600 м3/h
  • Печка за купелација  со максимална температура до 1400ºC
  • Машина за (валање) на лим
  • Песочно купатило
  • Електронска вага од 4g до 1,2kg
  • Аналитичка вага со точност до 0,0001g
  • Сет од пробни игли за злато за  585‰, 750‰, 840‰ и 950‰
  • Сет од пробни игли за сребро за 800‰, 900‰ и 950‰
  • Пробни киселини за злато и сребро со различен состав
  • Пробен камен (лидиски камен)
  • Наковална и чеканчиња за жигосување
  • Машина за жигосување
  • Жигови за предмети од злато, сребро или платина со различни финости.

Одговорни за лабораторија:

Бети Вуковојац 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 051