Лабораторија за маса
   English

 

 English

     
08 Logo MPEkonomija Biro za metrologija H C MK

Регистрирај се

(optional)

Лабораторија за маса

 lab masa1

Во лабораторијата за калибрација на маса, како составен дел од лабораторискиот центар на одделението за калибрација и развој во Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за економија, е инсталирана софистицирана опрема, со која се изведува лабораториска процедура за калибрација на еталони - тегови од 1 mg - 50 kg. Еталоните, со кои се врши калибрација, се од висока Е1, Е2, Ф1 и Ф2 класа и истите се изработени од нерѓосувачки челик.

Процедурата вклучува и пресметка на неодреденоста, која истовремено и експериментално се проверува, во однос на влијателните измерливи влијанија:

  • микроклиматски фактори во лабораторијата (температурата, притисок, влажност, струење, прашина)
  • макрофактори (потреси, гравитација, електромагнетни влијанија)
  • метролошки фактори (калибрација, референтни еталони и услови на нивно чување, густина и површинска состојба на материјалот на еталонот што се калибрира).

Примарна цел на лабораторијата за калибрација на тегови е чување и одржување на следливоста на националниот еталон за маса на интернационално ниво, преку негова директна компарација со еталони за маса од други признати метролошки институти и лаборатории, кои пак се следливи со Интернационалниот прототип за килограм, во Меѓународното биро за мери и тегови - BIPM (Париз,Франција).

Со меѓулабораториска интеркомпарација со други национални метролошки институти и членки на Европската органозација за метрологија - EUROMET, ќе биде направен важен чекор во меѓународното признавање на националниот еталон за маса, сертификатите за калибрација и резултатите, добиени од мерењата, а со тоа ќе дојде и до признавање на домашната инфраструктура, заснована на дисперзираниот модел.

docТехнички можности во лабораторија 

Одговорни за лабораторија:

Бианка Стоилковска

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 029

Катерина Јовановска

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 030