Лабораторија за густина
   English

 

 English

     
08 Logo MPEkonomija Biro za metrologija H C MK

Регистрирај се

(optional)

 

 density 1 1   density 2 1  
Во лабораторијата за густина, како составен дел од лабораторискиот центар на одделението за калибрација и развој во Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за економија, е инсталирана метролошка опрема за калибрација на густина на тврди и течни тела. Основен и најбитен дел од таа опрема е вагата за мерење на густина - МЕ 235С, со која се врши мерење преку Пикнометарска метода и метода на Пловност.

Од останатата опрема со која располага лабораторијата за калибрација на густина треба да се споменат:

  • Ареометри,
  • Градуирани цилиндри од 5 ml до 2000 ml;
  • Бирети  од 10 ml до 100 ml;
  • Пипети од 1 ml до 25 ml;
  • Термометри

Процедурата на калибрација вклучува и пресметка на неодреденоста, која истовремено и експериментално се проверува, во однос на: температурата, притисокот, влажноста, вибрациите, гравитацијата, електромагнетните влијанија и сл.

docТехнички можности во лабораторија    

Одговорни за лабораторија:

Бети Вуковојац

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2403676 lokal 051