Лабораторија за електрични големини
   English

 

 English

     
08 Logo MPEkonomija Biro za metrologija H C MK

Регистрирај се

(optional)

 

Во склоп на лабораторискиот центар на Бирото за метрологија функционира и лабораторијата за електрични големини и енергија. Со следливоста на еталоните,  што ја остварува Бирото за метрологија преку интеркомпарација со еталони на други, национални институти, кои пак се следливи со еталони на интернационално ниво , се овозможува основата за реализација на националните еталони за електрични големини, и тоа: DC напонски еталон (10V) и DC отпорнички еталон (1Ω-1МΩ).
lab.elektricni

Лабораторијата располага со следната опрема:

  • Дигитален мултиметар (модел 1281Wavetek)
  • Повеќефункционален калибратор (модел: 4808Wavetek)  со проширувач на опсег (модел 4800 Wavetek) и засилувач (модел 4600 Wavetek)
  • Универзален калибрационен систем (модел 9100 Wavetek)
  • Калибрационен осцилоскоп (модел 9500B FLUKE) и четири активни глави (модел 9560 FLUKE)
  • Термостабилна бања за одржување на стандардни отпорности(модел 7009 Hart Scientific) и автоматски отпорнички мост со голема точност (модел FLUKE F300)


Опсег на инструменти кои се калибрираат:

  • Дигитални мултиметри  до 8.5 дигити
  • Аналогни и дигитални амперметри, волтметри и омметри
  • Струјни мерни клешти со индикатор
  • Калибратори/извори за напон, струја и отпор со ниска точност
  • Аналогни и дигитални осцилоскопи
  • Отпорнички декади и отпорници


Мерните опсези на секоја од електричните големини и мерната неодреденост се: 

Електрична големина

Опсег

Фреквенција

Неодреденост

DC напон

100mV-1kV

3 ppm

AC напон