Лабораторија за должина
   English

 

 English

     
08 Logo MPEkonomija Biro za metrologija H C MK

Регистрирај се

(optional)

laboratorija za dolzinaОсновната цел за воспоставување на лабораторија за должина и агол во рамките на Бирото за метрологија е да се обезбедат примарни еталони следливи на SI единиците во подрачјето на димензионалната метрологија, површинските и аголни мерења.

Со помош на прецизната мерна опрема со која лабораторијата располага како и специјалните услови во кои се одвива самата калибрација, овозможено е извршување на мерења со висока точност.

Лабораторијата располага со следната опрема:

  • Должински мерен систем - Universal length measuring machine - Precimar PLM 600 (Мерен опсег за надворешни мерења: 0…600mm, внатрешни мерења: 0.5…445mm, резолуција: 0.01μm, мерна несигурност (U95): (0.15 +L/1000)μм);

  • Мерниот систем за определување на рапавоста - Roughness measuring system - Perthometer PGK120 (Мерен опсег за Ra(0.01μm...38μm); Rw(0.01μm...38μm); Rz, Rzj, RPM, Ry, Rmax, Rt (0.1μm…150μm); Рск(±0.01μm...±9.99μm) резолуција:0.01μm; Cm(1μm...1500μm) резолуција:0.5μm; Pk, Ppk, Pvk(0.1μm...150μm) резолуција:0.02μm);

  • Сет од 122 мерни блокови со должина од 0.5 до 100 mm со класа на точност К. Изработени од челик со линеарен температурен коефициент на експанзија ;

  • Сет од 5 правоаголни мерни блокови со должина од 100, 200, 300, 400 и 500 mm со класа на точност К.Изработени од челик со линеарен температурен коефициент на експанзија .

Следливоста е обезбедена од страна на производителот, преку акредитирана лабораторија на Мahr GmbH Esslingen чии пак референтни етлони се следливи на PTB (Physikalisch - Technishen Bundesanstalt).

  • 3 сета на геометриски стандарди PGN1, PGN3, PGN10 со следните карактеристики (вредности во μm): Ра = 0,2 0,5 1,5; Рz= 4,5 3,0 8,5; Рmax=1,5 4,0 9,5;

Следливоста на овие стандарди е обезбедена преку лабораторијата на DKD (Deutcher Kalibriedienst) акредитирана од PTB.

docТехнички можности во лабораторија  

Одговорни за лабораторија:

Билјана Атанасов 

Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

2403676 lokal 030