Калибрација
      English   English

Регистрирај се

(optional)

Национални Метролошки Лаборатории (Калибрација)

Една од најважните задачи на Бирото за метрологија е да ги остварува, чува и одржува националните еталони и со калибрација или меѓулабораториска споредба ја обезбедува нивната следливост.
Задачата на Бирото е, преку националните еталони, да обезбеди следливост на мерните резултати на еталоните, односно мерилата да ги доведе во врска со одредени референци, обично со националните или меѓународните еталони, со посредство на непрекинат синџир на споредување кои имаат назначена неодреденост. Следливоста на еталоните на Бирото за метрологија се одржува со редовни калибрации во Национални метролошки институти, кои што имаат директна следливост до меѓународните еталони, а оспособеноста на националните лаборатории се докажува преку учество во работата на техничките комитети на ЕУРАМЕТ и интер лабораториски компарации.
Од 2007 година, Бирото за метрологија е потписник на CIPM MRA - Аранжман за прифаќање на сертификатите за калибрација издадени од земјите потписнички на овој аранжман, под надлежност на Меѓународниот комитет на тегови и мери (CIPM) како тело од Конвенцијата за метарот. Целта на овој аранжман е да се воспостави одреден степен на еднаквост на националните еталони од Националните метролошки институции (НМИ), да се обезбеди меѓусебно признавање на сертификатите за калибрација издадени од НМИ, и на тој начин да се обезбеди транспрентна техничка основа за надминување на техничките бариери во меѓународната трговија.
Бирото за метрологија ги десеминира вредностите на мерните единици преку калибрации во националните метролошки лаборатории и во сертификатите, како потписник се повикува на CIPM-MRA аранжманот.
Подолу е дадена структурата на националните метролошки лаборатории и нивните калибрациони можности.