На ден 13.09.2013 година, лабораторијата за калибрација на температура на Министерство за економија-Биро за метрологија, Скопје објави најдобри калибрациони и мерни можности (CMCs) во дата базата на Меѓународното Биро за мерки и тегови (KCDB BIPM). Со влезот во дата базата, сите понатамошни калибрациони сертификати, кои лабораторијата ќе ги издава за калибрација на Индустриски платиниумски отпорнички термометри во опсег од -60 °C до 300 °C, температурни сензори со покажувачки уред од -60 °C до 420 °C и стаклени термометри со течност од -60 °C до 250 °C се меѓународно признати, бидејќи од 10.10.2006 год. Република Македонија е придружен член на Генералната конференција за мерки и тегови (CGPM), а од 14.11.2007 год. Бирото за метрологија е потписник на Аранжманот за меѓународно признавање на калибрационите сертификати (CIPM MRA).
Ова се најдобрите калибрациони и мерни можности на лабораторија за маса на Бирото за метрологија:
http://kcdb.bipm.org/appendixC/T/MK/T_MK.pdf
20 мај е Светски ден на метрологијата,кога се одбележува годишнината од потпишувањето на Метарската конвенција во 1875 година. Потпишувањето на Метарската конвенција претставува основа за воведување на кохерентен систем на мерење во светот, кој што се заснова на научните откритија и иновации, индустриското производство и на меѓународната трговија, како и подобрување на на квалитетот на животот и заштита на глобалната животна средина.
Темата за Светскиот ден на метрологијата за 2016 година е " МЕРЕЊАТА ВО ДИНАМИЧКИОТ СВЕТ “. Темата оваа година е избрана како поддршка на брзото темпо на промени во науката, како впрочем и на светот околу нас.
Во целиот свет, националните институти за метрологија постојано работат на унапредување на мерењата, воведување на нови техники за мерење со цел задоволување на потребно ниво на софистицираност, кое пак е директно поврзано со развојот индустријата и технологијата.
Во периодот Октомври-Декември 2015 година, лабораторијата за маса на Бирото за метрологија учествуваше во меѓулабораториска споредба за калибрација на неавтоматски ваги. Пилот лабораторија беше Дирекцијата за мери и драгоцени метали (ДМДМ) од Р. Србија, а учество земаа 15 лаборатории за калибрација од регионот на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска).
Целта на меѓулабораториската споредба беше докажување на мерните можности за калибрација на лабораториите-учеснички, со дефинирана мерна неодреденост од обемот на акредитација.
Предмет на калибрација беше електронска неавтоматска вага, тип: ME254S-0CE, со капацитет од 220 g, производ на Sartorius.