.
      English   English
Меѓулабораториска споредба
Меѓулабораториска ...

Во периодот Октомври-Декември 2015 година, ...

ПРОШИРЕН ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИИТЕ ЗА КАЛИБРАЦИЈА
ПРОШИРЕН ОПСЕГ НА ...

Лабораториите за калибрација на Бирото за ...

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФЕИТ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ...

На 17 Ноември 2015, директорот на Бирото за ...

Потпишан Меморандум за разбирање со Центарот за метрологија на Кралството Шпанија
Потпишан Меморандум за ...
Денес, 13.11.2015 година  во Мадрид, ...

 

akreditacija-0

Официјално време во РЕПУБЛИКА Македонија

Регистрирај се

(optional)

Во периодот Октомври-Декември 2015 година, лабораторијата за маса на Бирото за метрологија учествуваше во меѓулабораториска споредба за калибрација на неавтоматски ваги. Пилот лабораторија беше Дирекцијата за мери и драгоцени метали (ДМДМ) од Р. Србија, а учество земаа 15 лаборатории за калибрација од регионот на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска).
Целта на меѓулабораториската споредба беше докажување на мерните можности за калибрација на лабораториите-учеснички, со дефинирана мерна неодреденост од обемот на акредитација.
Предмет на калибрација беше електронска неавтоматска вага, тип: ME254S-0CE, со капацитет од 220 g, производ на Sartorius.

Мерењата и буџетот на мерна неодреденост беа изведени по метода, согласно Европскиот документ за калибрација на неавтоматски ваги "EURAMET/cg-18/v 3.0".
Анализата на добиените резултати, од страна на пилот лабораторијата беше направена според критериумот за нормализирана грешка, En, кој за успешни резултати треба да биде помал од  1:  ׀ En׀ ≤ 1
Вредноста на нормализираната грешка En, која лабораторијата за маса успеа да ја постигне, преку извршените мерења по целиот опсег на вагата, се движи помеѓу 0 - 0.43, (условот En ≤ 1 е постигнат), со што лабораторијата ги потврди претходно дефинираните калибрациони и мерни можности за калибрација на неавтоматски ваги.

 

dms-0

homologacija-0

upisi-0

logoBIPM-RB

euramet

oiml

welmec

iaaojpg