Последен пат ажурирано на 11 Септември 2020
Вовед
Бирото за Метрологија („Биро за Метрологија”) води сметка за чување на онлајн приватноста и воедно сака да бидете запознаени како ги собираме, користиме и објавуваме Личните Податоци, кои Вас ќе ве идентификуваат. Политиката на Приватност ги објаснува нашите онлајн пракси за податоци, применливи на веб страните, достапни под доменот „Биро за Метрологија.mk” („Страници”) и сите Услуги на Бирото за Метрологија, достапни до Вас преку или во соработка со Страниците на Бирото за Метрологија, како онлајн апликација („Услуги”). Ние ги собираме, користиме и објавуваме Вашите Лични Податоци само во согласност со Политиката на Приватност.
Политиката на Приватност е вклучена во Условите и е дел од нашите Услови за Користење, што ги исцртува и дава преглед на Условите и Состојбите, со кои Вие се сложувате, кога пристапувате и ги користите Страниците и Услугите. Со доставување на вашите Лични Податоци, Вие се сложувате односно давате согласност за прибирање на истите, нивно користење и објавување, онака како што е наведено во Политиката на Приватност. Политиката на Приватност може, во секое време да биде ревидирана од наша страна, со ажурирање на овој документ. По направени вакви ревизии и нивно постирање, Вашето користење на Страниците и Услугите ќе значи дека вие се сложувате со ваквата ревидирана Политика на Приватност. Од време на време, треба да ја посетувате оваа страница, за да направите преглед на ревидираната Политиката на Приватност.
Што се тоа Лични Податоци?
За „Лични Податоци” велиме дека се било кои податоци, запишани во било каква форма, со кои се идентификува една индивидуа или индивидуа чиј идентитет може да се дознае или одреди со тој податок, а кои не се поврзани со податокот за бизнис контакт (име, назив, адреса на фирма). Ова Политика на Приватност не ги покрива глобалните податоци преку кои идентитетот на личноста не може да се одреди. Ние, го задржуваме правото на користење на глобални податоци на било кој начин кој го сметаме за соодветен.
Согласност
Доколку законот тоа не го дозволува, ние нема да ги бараме, користиме или објавуваме вашите Лични Податоци за било која намена, без претходно да добиеме Ваша согласност. Сепак ние можеме да бараме користење и објавување на Лични Податоци, откако тие ќе бидат прибрани и тоа во оние случаи кога ние ќе сакаме да ги искористиме вашите Лични Податоци за некоја нова или друга намена.
Со доставување на вашите Лични Податоци, Вие се сложувате и согласувате дека ние може да ги имаме, користиме и објавиме ваквите лични податоци, во согласност со оваа Политика на Приватност.
Во повеќето случаи, кои се предмет на законски и договорени ограничувања, имате целосна слобода да одбиете или ја повлечете Вашата согласност во било кое време, но со претходна навремена најава. Треба да се нагласи дека на Страниците и Услугите можат да постојат делови кои ќе Ви бидат достапни само доколку ни доставите одредени лични податоци. Следствено на ова, ако Вие не ни ги доставите потребните Лични Податоци, можеби нема да можеме да Ви овозможиме достапност на овие делови од Страниците и Услугите. Ние ќе настојуваме да Ви укажеме на последиците од ваквото Ваше одбивање или повлекување на веќе дадената согласност.
Зошто ги собираме Личните Податоци
Ние може да ги преземеме Вашите Лични Податоци, ако вие доброволно ни ги дадете за:
• да Ви обезбедиме Страниците и Услугите Вам и на други лица, во согласност со Вашите потреби
• да Ви понудиме поддршка во однос на Страниците и Услугите
• да спроведеме анкета и истражување за клиентите
• да ги исполниме законските и регулаторните барања
• или за намени, кои се конзистентни со горенаведените
Како ги собираме и користиме Личните Податоци?
Ние ги собираме, користиме и објавуваме личните податоци само кога се смета дека е тоа разумен потег во тој момент или во дадени услови и при тоа користиме само фер и законски методи за собирање на лични податоци. На пример, ние можеме да ги прибереме вашите Лични Податоци кога: пополнувате формулар, се регистрирате или креирате сметки или услуги (вклучувајќи услуги за трето лице, достапни преку Страниците и Услугите), учествувате во анкети, тестови, проценки, купувате продукти или услуги, поднесувате содржина или комуницирате преку форуми, блогови, коментари, праќање пораки, лични веб страници или други услуги, достапни преку Страниците и Услугите (вклучувајќи и услуги за трето лице); кога селектирате реклами или содржина; кога Вие сте навигаторот на Страниците и Содржините, или на друг начин сте во интеракција со Страниците и Содржините, (вклучувајќи и услуги за трето лице) или кога на друг начин учествувате на Страниците и Услугите (вклучувајќи и услуги за трето лице).
Користењето на Вашите Лични Податоци е ограничено на намените, наведени во Политиката на Приватност или на друг начин, на кој Вие сте се сложиле и ние нема да продаваме, тргуваме, променуваме, разменуваме или објавуваме било кои лични податоци што ги имаме.
Кога можеме да ги објавиме вашите Лични Податоци
Ние можеме да ги објавиме вашите Лични Податоци на индивидуи и организации кои се вклучени во:
1. обезбедување на Страници и Услуги или информации поврзани со Страници или Услуги (вклучувајќи, без ограничување, продукти, услуги, промотивни понуди и натпревари или други продукти, услуги, промотивни понуди и натпревари), во наше име.
2. одржување, разгледување (ревидирање) или развивање на нови бизнис системи, процедури или инфраструктури, вклучувајќи, без ограничување, тестирање или ажурирање на нашите компјутерски системи
3. трансфер на сите или на дел од нашите средства (добра) или бизниси на Бирото за Метрологија
4. реорганизација на Биро за Метрологија или
5. за било која намена за која се согласувате
При објавување на вашите Лични Податоци на индивидуи или организации, како што е наведено погоре, ние ќе бараме од тие индивидуи и организации да ги земе, користи и објави вашите Лични Податоци во согласност со оваа политика за Лични Податоци.
Ве молиме да имате на ум дека во одредени случаи користењето и/или објавувањето на Лични Податоци може да биде оправдано или дозволено или каде сме обврзани да ги објавиме личните податоци без согласност. Тоа би било во случај:
1. при законска обврска, наредба или судско барање, административна агенција за спроведување на закон или владини субјекти
2. кога, со причина, веруваме, дека е потребно да се заштитат правата, приватноста, безбедноста или сопственоста на Бирото за Метрологија, или давателите на лиценци, филијали, корисници или трети лица
3. кога е неопходно да се воспостави или соберат пари кои ни ги должат на нас, на нашите даватели на лиценца или филијали
4. кога е потребно да се идентификува, контактира, комуницира или да се преземат чекори против индивидуа, за која постои сомневање дека ги прекршува Условите на Услугата или
5. кога податоците се јавно достапни
Кога мораме или ни е дозволено да ги објавуваме Вашите лични податоци без ваша согласност, ние ќе објавиме онолку лични податоци, колку што се бара или е потребно.
Точност и задржување на Лични Податоци
Ние настојуваме да обезбедиме било кои лични податоци, во наша сопственост, да се прецизни и точни, најнови и целосни, онака како што се бара и е потребно за користење и/или објавување на вакви лични податоци. Доколку откриеме дека Вашите Лични Податоци се неточни, не се нови или се нецелосни, следбено на ова ќе настојуваме да ги ревидираме вашите Лични Податоци.
Ќе ги задржиме Вашите Лични Податоци онолку долго, колку што е потребно за намените за кои се и собрани. Овој период може да продолжи и откако ќе ја прекинете соработката со нас, но тоа ќе биде разумен период за нас, за да имаме доволно информации и да можеме да реагираме, односно одговориме на било кои проблеми или прашања, кои можат да се појават, откако соработката ќе заврши. Кога Вашите лични податоци веќе нема да ни бидат потребни, истите ќе бидат уништени, избришани или конвертирани во анонимна форма.
Заштита на Лични Податоци
Ние настојуваме да одржиме соодветни физички, процедурални и технички заштитни мерки, во однос на нашите канцеларии и можностите (опремата) за сторнирање на информации (податоци), за да се спречи и оневозможи губење, злоупотреба или неовластен пристап, објавување или модифицирање на личните податоци.
Исто така, ние ги заштитуваме Личните Податоци со ограничување на пристап до лични податоци на оние вработени, изведувачи, советници, филијали и провајдери на услуги, каде управата на Бирото за Метрологија веќе им има одредено и овозможено разумен пристап до вакви информации, за било која намена наведена погоре во Политиката на Приватност.
Забелешка: Некои или сите Ваши Лични Податоци, со кои ние располагаме, можат да бидат сторнирани или процесирани до Сервери, кои се лоцирани надвор од нашата законска контрола (место на живеење), чии закони за заштита на податоци можеби се разликуваат од местото каде што Вие живеете. Како резултат на ова, податоците можат да бидат подложени на откривање на владата, судовите или агенциите за спроведување на законот, соодветно со нивните закони, без да бидеме известени за тоа. Доколку се случи ова, ние ќе направиме напори за да се осигуриме дека соодветните заштити се барањето на процесирање на податоци во таа земја и задржување на заштитата на Вашите лични податоци да биде еквивалентно со законите, применливи во местото каде што живеете.
Пристап до вашите Лични Податоци
Ние ќе Ви дозволиме да пристапите и да ги корегирате Вашите Лични Податоци, доколку поднесете барање и ќе настојуваме да ви овозможиме ваков пристап во разумно времетраење, не подолго од 30 дена откако ќе го поднесете барањето. За да се заштитиме од погрешни барања за пристап можеме да побараме и дополнителни информации кои ќе ни овозможат да потврдиме дека на индивидуата пред да и се дозволи пристап или направи измени и корекции на таквите лични податоци, е овластена да направи така.
Го задржуваме правото да одбиеме и немаме обврска, да направиме промени во вашите Лични Податоци, доколку со право веруваме дека промените се неточни, не се најнови или се нецелосни. Доколку одбиеме да направиме промена во вашите лични податоци на ваше барање ќе ве информираме за причините за нашето одбивање.
Го задржуваме правото да одбиеме обезбедување пристап до Лични Податоци доколку при вакво барање:
1. би се откриле: (i) Лични Податоци, (вклучувајќи, без ограничување) на друга индивидуа или за починат; или (ii) трговски тајни или други доверливи информации што можат да му наштетат на Биро за Метрологија, на давателите на лиценци, филијали, корисници или трето лице;
2. би се измешале со податоците за договори или преговори на Биро за Метрологија, даватели на лиценци, филијали, корисници или друго трето лице
3. Личните Податоци не постојат, не се чуваат или едноставно не можат да бидат лоцирани од наша страна
4. може со причина да резултира во (i) нанесување сериозна штета на третман или обновување на податоци на засегнатите индивидуи (ii) сериозна емотивна штета на засегнатата индивидуа или друга индивидуа, (iii) сериозна телесна повреда на друга индивидуа
5. може да се наштети или да се помеша со активностите на спроведување на закон или други истражувачки или регулаторни функции на тело овластено со закон за изведување на вакви функции , или
6. со закон, наредба или барање од страна на суд, административна агенција за спроведување на законот или владини тела се бара Личните Податоци да бидат задржани
Доколку одбиеме да обезбедиме пристап до Лични Податоци, ние ќе ја известиме индивидуата и при тоа ќе ги наведеме причините за нашето одбивање.
Нема да ви наплатиме за пристап или исправка на вашите Лични Податоци, но во некоја мера дозволива со закон, може да ви наплатиме доколку сакате копија на било какви податоци кои се наоѓаат во вашите Лични Податоци.
Како собираме податоци со механички средства?
Можеме да користиме „колачиња” (cookies) или веб “бејконс” (beacons) и други слични уреди или направи на или со Сајтовите или Сервисите за да се подобри и зголеми функционалноста и навигацијата за нашите корисници. Информации кои се следат преку овие механизми вклучува, но не е ограничен на; (i) корисничка IP адреса, (ii) вид на веб прелистувач и оперативниот систем кој се користи (iii) страниците на веб сајтот што корисникот ги посетува, (iv) други веб сајтови што корисникот ги има посетено пред да ги посети Сајтовите и Сервисите и (v) информации за сесија. Ако сакате да ги онеспособите „колачињата” (cookies), погледајте во вашиот прирачникот на вашиот веб прелистувач за инструкции или пак одете на „помош”. Но, имајте на ум дека доколку го онеспособите „колачињата” (cookies) тогаш можеби нема да можете да имате пристап до некои од карактеристиките (содржини) на Сајтовите или Сервисите. Колачињата кои се поврзани а ние ги користиме со Сајтовите или Сервисите, не ги прибираат и не ги содржат вашите лични информации.
Веб сајтови и сервиси на Трети Лица
Сајтовите или Сервисите можат да обезбедат пристап до Веб сајтови или Сервиси кои се во сопственост на и со нив оперираат трети лица. Овие Веб сајтови и Сервиси на трети лица можат да си имаат своја политика за приватност и не се управувани од ова Политиката на Приватност. Ние не сме одговорни за практикување на приватност или содржината на Веб сајтовите и сервисите на трети лица. Веб сајтовите и Сервисите на трети лица можат да собираат, користат и објавуваат лични податоци на друг начин, различно од нас, па затоа ве охрабруваме внимателно да ја прочитате и разгледате политиката на приватност за пристап и користење на веб сајт и сервис на трето лице.
Комуникации на корисникот
Сајтовите и Сервисите можат да обезбедат карактеристики (содржини) кои ви овозможуваат да споделувате информации со други лица (на пр. четрумс, табли со пораки форуми, пораки и други видови на комуникации). Треба да знаете дека доколку доброволно ги објавите вашите лични податоци при користење на било која од овие содржини, вашите лични податоци можат да бидат земени, користени или објавени од такви лица без ограничување. Ова може да резултира во несакани пораки од трети лица, кражба на идентитет и други штети. Било кои лични податоци што ги доставувате до трети лица е целосно на ваш ризик. Биро за Метрологија не презема никаква одговорност за било каква штета која ви е направена како резултат на вакви активности.
Прашања околу Политиката на Приватност
Ја поздравуваме вашата повратна информација, доколку имате прашања, коментари или грижи околу Политиката на Приватност или сакате да направите нешто од следново:
• пристап или корегирање на вашите лични податоци кои се во ваша сопственост
• барање да не контактирате преку електронска пошта или на друг начин или
• да пријавите било какво прекршување на оваа Политика на Приватност
Контактирајте на:
Биро за Метрологија на Република Северна Македонија
Бул. Јане Сандански 109а ,1000 Скопје
bom@bom.gov.mk
++389 2 240 3676
++389 2 2444 677
* КРАЈ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ *
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com